Вицеви

Пренеси понатаму!

Султанот си доаѓа дома, а 33-те негови жени го чекаат наредени една до друга. Се наведнал султанот и и шепнал на првата:

– Очите ти се како сјајни ѕвезди, усните ти се како свежи црешни…те сакам највеќе од сите. Пренеси понатаму !

Интервју

Име? – Рамиз.
Презиме – Рамизи.
Роден? – Роден да.
Пол? – Мекартни.
Омилена боја? – Карирана.
…Омилено животно? – Оса, затоа зашто дава мармалад.
Мислиш пчела зашто дава мед? – Мислам, мислам.
Брачна состојба? – Двајца браќа.
Телефон? – Нокија.

Јавна Куќа

      Доаѓа контролорна инспекција во школо, и учителката цела избезумена за мали Џокица да не каже некоја глупост им вика на девојчињата кога мали Џокица ќе каже нешто што не треба, овие да почнат да врискаат и да истрчаат низ училница.

Инспекцијата им поставила на децата различни прашања а учениците ги одговориле сите добро. И на крај инспекторот прашува:

Дали некои од вас, драги ученици, знае што се гради до вашето училиште?

Мали Џокица дига рака:

– Јас знам.

– Што Џокица?

– Јавна куќа.

Девојчињата почнуваат да врискаат и да трчаат надвор, и мали Џокица им вика:

– ЧЕКАЈТЕ, ку*вииии, само темелите се ставени!!!

Разлика

Која е разликата помеѓу девојки на возраст од 8, 18, 28, 38 и 48 години?
8 – Ја носиш во кревет па и кажуваш приказна.
18 – И кажуваш приказна па ја носиш во кревет.
28 – Не ти треба приказна за да ја однесеш во кревет.
38 – Ти кажува приказна па те носи во кревет.
48 – И кажуваш приказна за да не те однесе во кревет.