Разно

Да гледаш фудбал со жена е многу напорно…

Сопругата: Кои тимови играат?
Мажот: Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Сопруга: Оххх прекрасно го сакам арсенал.
Мажот: Да тоа е добар тим!
Сопруга: Игра Дрогба?
Мажот: Тој игра за друг тим.
Сопруга: Океј сонцее.. Ејј Крис браун енего!
Мажот: Тоа е Чембрлен.
Сопруга: Океј но тие изгледаат исто.
По некое време арсенал постигнува гол…
Сопругата радосна: Чембрлеејн даде гол за арсенал јееееееј.
Мажот: Тоа е руни. Јунајтед постигна гол.
Сопругата: Какооо?? Не е можно!!!! Требаше арсенај да погоди… Шоеее овааа
Мажот молчи.
Сопруга: што е тоа црвен картон?
Мажот: Тоа значи дека играчот треба да напушти терен.
Жената: Тогаш тој ќе биде тренер?
Мажот: Ааааа не !!
Жената: Сакам арсенал да победи на светското првенство.
Мажот молчи..
Жената: Кое тој што личи на мистер ббин!
Мажот: Тоа е Венгер.Тренерот на Арсенал.
Жената: Аааа сега ќе дадат гол ајде момциии браво (А тие всушност аут изведуваат.)
Сопруг: (менува канал)

Се прибира ловџија дома мртов пијан…

Се прибира ловџија дома мртов пијан.
Кучето му помага да си дојде, жена му го пречекуе и го прашуе:
— Колку ракии испи?
— Сааамо тррри…
— Шаро, колку ракии?
— Ау, ау, ау!
— Хммм… а колку пива?
— Аууууууууууууууууууууу!

Пратил Дракула три лилјака да пијат крв…

Пратил Дракула три лилјака да пијат крв.

Се враќа првиот крвав околу устата и го прашува Дракула што направи?

Овој му одговара – Го гледаш градон, пола град нема крв.

Се враќа вториот лилјак покрвав од првиот. И него го прашува Дракула што направи?

А овој му одговара – Го гледаш градон, цел град нема крв.

И на крај се враќа третиот лилјак цел крвав. И го прашува и него Дракула што направи?

Овој му одговара – Ја гледаш бандерана?

– Ја гледам – одговара Дракула.

– Е па јас не ја видов.

Си имала некоја баба тројца зетовци…

Си имала некоја баба тројца зетовци и решила да ги тестира кој колку ја сака и почитува.
Излегла на прошетка со најстариот, поминувале покрај една река и бабата скокнала да се дави.
Зетот без размислување, веднаш скокнал и ја спасил.
Следното утро пред вратата го чекал нов Форд Фокус со порака
„Ти благодарам зете ми го спаси животот.
“Твојата Баба“.

Потоа бабата излегла на прошетка со средниот зет.
Иста шема, бабата скокнала во реката, зетот скокнал и и го спасил животот.
Наредното утро пред вратата го чекала нова Опел Корса со порака
„Ти благодарам зете ми го спаси животот.
“Твојата Баба“.

На крај бабата излегла на прошетка со најмладиот зет.
Поминале покрај реката и бабата скокнала да се дави.
Зетот се подзамислил: „На првиот му купи Фокус, на вториот Корса, значи мене ќе ми купи некоја евтина кинеска кола, нека се дави.“
И си тргнал накај дома.
Нaредното утро пред вратата го чекал нов Мерцедес со порака
„Ти благодарам зете ми го спаси животот”
“Твојот Дедо“.

Командантот им го објаснува на своите војници поимот асоцијација…

Командантот им го објаснува на своите војници поимот асоцијација. Извадил од џебот марама и почнал да мафта со неа.

Коле! На што помислуваш кога мавтам со марамата?
– На разделба.
Одлично! Асоцијацијата е разделба… Миле, а ти на што мислиш?
На оро.
Браво! Асоцијацијата е оро… Блажо, ти на што мислиш кога мавтам со марамата?
На секс.
Како можеш да помислиш на секс кога ти мавтам со марамата?
Јас цело време мислам на секс, мавтал ти со марамата или не!